Гостивар – Пелистер 0:2
Битолски Пелистер е есенски првак во Втората фудбалска лига – запад по победата на госрувањето во Гостивар, каде го победи истоимениот тим со 0:2, резултат кој е постигнат по првото полувреме.
Головите за Пелистер ги постигнаа Филип Бошковски во 20. минута и Благојче Главевски во 45, односно во судиското надополнување.
Со оваа победа екипата на остана на првото место, а сега има има вкупно 27 бода, два бода повеќе од екипите на Влазерими и Скопје, а три бода повеќе од екипата на Лабуништа.






