Битолскиот народен театар, в петок, по 25 години ќе ја изведе претстава за деца “Си беше еднаш во иднината“ по текст на Сашо Кокаланов, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. По тој повод во НТБ се одржа прес-конференција на која директорот, Иван Јерчиќ, кој рече:
-Се надевам дека во исто време децата ќе ги забавува и ќе ги едуцира, а родителите ќе ги насмее слатко или горчливо и ќе ги замисли пред проблемите и предизвиците кои ги нуси новото време, кој потенцираше дека претставата е финансиски поддржана од Министерството за култура.
Уметничкиот директор, Лина Чоревска додаде:
-Ниту еден режисер и драматург нема дојдено со предлог да работи детска претстава. Тоа говори за тоа колку немаме однос за најмладата публика која мораме и треба да ја едиуцираме за претставите кои следат.
Авторот на текстот, Кокаланов за претстава вели дека е претставена борбата на новите генерации, за исправање на грешките на претходните. Претставата е за деца, но и за возрасни. Во неа станува збор за две деца. Едното изгубило се во животот и е пресреќно, другото има се во животот, а е многу несреќно.






