Низ разговори со д-р Васил Чипуровски претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информиранме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање. За кои постои голема заинтересираност.
Што е акутен холециститис ?
-Акутен холециститис или воспаление на жолчното ќесе е најчесто предизвикан од калкули кои го обструираат жолчниот канал или тоа можа да е предизвикано од тумори.
Како се манифестира акутен холециститис или воспаление на жолчното ќесе?
-Клинички акутниот холециститис се манифестира со силна болка под десен ребрен лак, гадење, повраќање на жолта содржина, зголемена телесна температура.
Како се дијагностицира?
-Ова заболување може да се дијагностицира, во нашата ординација, со помош на современо ЕХО на абдомен при што постои задебелување на ѕидот на жолчното ќесе над 4 милиметри, кој е хиперехоген и е со двојнолушпест изглед. Лабораториските наоди покажуваат покачување на CRP и WBC.
Како се третира?
-После поставување на дијагнозата на воспаление на жолчното ќесе или акутен холециститис третманот е ургентен најпрво конзервативен со антибиотска терапија, спазмолитици за намалување на болкта, блокатори на водородна пумпа и.т.н. При перзистирање и рецидиви потребна е и холецистероктомија.
Сите испитувања и понатамошен тек на третирање може да ги направите во нашата ординација. ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“ во Нова Битола.
Ж.Р.






