Press "Enter" to skip to content

Љубица Поповска, од Мелбурн, Австралија, “Битола како моја инспирација“ (фото)

Нашата сограѓанка Љубица Поповска, која живее и работи во Сиднеј, Австралија, деновиве го објави текстот “Битола како моја инспирација” а за идејата да го напише ова дело вели:
 
-Уште како средношколка ми дојде во рацете Збирката народни песни 204 на број, во кои е опеана Битола од Филип Каваев, издадена 1969 година. Бев воодушевена од Збирката и од подадатокот за бројот на песните. Исто така и од фактот дека за ниеден македонски град нема толкав број опеани народни песни, колку што има за Битола. Во потсвеста ми остана мислата дека и јас треба нешто да направам за мојот град.
Кога започна да објавуваш песни за Битола:
 
-Се почна пак, во чест на Денот на ослободувањето на Битола, 4 – ти Ноември 1977 година кога се објави мојата Прва збирка песни “Битола, бабам, Битола”, за која осврт-рецензија даде познатиот литературен критичар, а сега покоен Доне Пановски. На истиот ден 1977 година, во тогашниот младински клуб “Орфеј” имаше рецитал на мојата поезија. Потоа следеше Второто проширено издание на збирката “Битола, бабам, Битола” во 2012 година. Во 2017 година се напечати збирката “Траги во времето” за која Здружението НОВА ми ја додели “Книжевната гравитација“.
 
Колку песни имате објавено за Битола:
 
-Во овие збирки и во другите кои ги имам издадено има песни за Битола, можам слободно да кажам дека околу 120 песни ми се посветени на Битола. За песните следеа и награди, Гран- при, први награди како во Македонија така и во Австралија. По повод Неделата на детето и конкурсот, добив благодарница и од здружението на Балкански уметници. Само за информација автор сум на 19 збирки поезија и ја подготвувам и дваесеттата за оваа година. Мислам дека тука, во Мелбурн, каде сега живеам сум најплоден автор од дијаспората.
 
Ж. Ристевска
More from КултураMore posts in Култура »