Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: во возило кај Кажани откриени 27 килограми марихуана наменета за Грција

На 08.12.2019 полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид, по претходно добиени оперативни сознанија, кај село Кажани – на патот за село Ѓавато, битолско, запреле патничко возило “опел вектра“, со ресенски регистарски ознаки, управувано лице од Албанија, а како сопатник било исто така лице од Албанија.
 
При преглед на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле две торби со 27 пакувања марихуана со тежина од околу 27 килограми. Марихуаната била наменета за транспорт во Грција.
 
Лицата биле приведени во Полициската станица Битола и по целосно документирање на настанот, до Основното јавно обвинителство Битола, ќе биде  поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215  од Кривичниот законик на Р.С. Македонија. 
More from ВестиMore posts in Вести »