Денешниот неработен понеделник, од продолжниот викенд, голем број битолчани ќе го поминат во Лерин, Грција, но за да дојдат до таму (ќе) треба да чекаат на граничниот премин Меџитлија, голема колона, бидејќи од наша страна се влегува во три ленти, а колоната е прилично голема.
Како што се гледа и од камерата на граничниот премин, која е активна околу 12 часот, во три колони се влегува во Грција, а како било пред три-четири часа можеме да претпоставиме, а според тоа како коментираа битолчани на социјалните мрежи, била дури над крстосницата за село Меџитлија.
-Колоната е голема на влегување кај нашата полиција, но уште е поголема на грчката страна, а нема празен простор меѓу двете граници. Не се исплаќа да се чека за влез толку време и се вратив полукружно од нашата граница, вели Тони, кој наместо во Лерин да пие “фрапе“, еспресо пиеше во Битола.
Битолчани во голем број заминаа за Грција да ја избегнат маглата во Битола, но и во Лерин е исто времето, да пијат “фрапе“ и да јадат гиро, но и денешните попусти во “Лидл“ за зимска опрема ги испровоцираа за заминат со соседниот град.






