Семејството на ВаскоКовачевски, на директорот на ЕСМ, денес во ЈЗУ Клиничка Болница Битола, ја заврши донацијата за реновирање на машкиот оддел на хирургија и тоа: променета целосна санитарија, водовод, како и целосно опремување на сите болнички соби, средување на ѕидовите, нови душеци, телевизори, постелнина, реновирана е и работната соба, реновирани гардеробите за вработените, реновирани се ходниците.
За донацијата, голема благодарност, од името на сите пациенти за подобрените услови за престој на хирушкото одделение како и благодарност од сите вработени за подобри услови за работа, до семејството Ковачевски, упати менаџерскиот тим при ЈЗУ Клиничка болница, предводен од директорот, д-р Зоран Лазаров.
Директорот д-р Лазаров, по повод донацијата на Васко Ковачевски му додели и благодарница, при што рече:
-Сакам да искажам голема благодарност до семејството Ковачевски, бидејќи тие вложија за битолчани, кои се лекуваат во болницата, на хируршкото одделение. Се надеваме дека по овој пример ќе се одважат и други семејства кои можат и сакаат да бидат хумани. Само со залагање на сите нас, без разлика каде и на која позиција се наоѓаме, ќе подобра клиника болница, бидејќи сите ние сме потенцијални пациенти.

Семејството Ковачевски го реновира машкиот оддел на хирургија (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Со балетската претстава “Шехерезада“ утре започнува јубилејното 35. издание на “Интерфест“ во БитолаСо балетската претстава “Шехерезада“ утре започнува јубилејното 35. издание на “Интерфест“ во Битола

- Започна новата академска година на УКЛО – Битола (фотогалерија)
- Забрана за риболов на пастрмка во акумулација “Стрежево“
- ОЈО Битола: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици
- СВР Битола: три приведување во спортската сала, нападнат малолетник од родител на соученик




