На 11.12.2019 во 13.18 часот било пријавено дека на патот Битола – Ресен, на мостот кај село Кажани, се случила сообраќајна незгода помеѓу запрено товарно возило „ман Ф200“, со струшки регистарски ознаки и патничко моторно возило „ауди“, со охридски регистарски ознаки.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.И., по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.






