Press "Enter" to skip to content

И Битола сака преку “EUDoor“ младите да бидат одговорни граѓани со визија за Европската иднина

Петтата претпоследна сесија од проектот „Европа на врата“, чиј партнер е Општина Битола, се одржа во Белград, Република Србија. Целта на оваа сесија беше да се предложат и да се изнајдат решенија наменети за помладата популација како одговорни граѓани и нивната рефлексија за визијата на Европската иднина.

На сесијата беше претставена публикацијата “EUDoor“, која ги опфаќа добрите практики на мрежата на градови вклучена во проектот, меѓу кои и Битола. Во публикацијата се сместени четири поглавја: локации каде што младите ќе бидат ангажирани, идеи од страна на младите за вклученост во заедницата, реално учество на младите во заедницата и кампањи од и за младите.

Како позитивен пример за младинско ангажирање од Битола, кој преку партиципацијата на младите придонесува во нивно ефикасно вклучување во општествената сфера на живеење, волонтирање и други облици на делување, во соработка со Општина Битола, во публикацијата е претставен Младинскиот културен центар од Битола.

Во рамките на работните сесии, покрај конференцијата на која учествуваа амбасадори и претставници од земји членки на ЕУ, говореа и претставници на земји кои се кандидати за членство во ЕУ. Во работниот дел се одржа и средба со дел од пратениците на Собранието на Република Србија.

Проектот “Европа на врата“ е предводен од локалната самоуправа Вила Боа ду Бишпо од Португалија, заедно со партнерски организации, општини, граѓански организации и институции од Бугарија, Хрватска, Естонија, Грција, Италија, Латвија, Македонија, Полска, Романија и Србија.

На последната, шеста сесија од проектот, домаќин ќе биде Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »