По препораките од Владата на Република Северна Македонија, денешната работна сабота да се искористи за чистење, административните работници од Битола масовно се вклучија во акцијата на повеќе локации во градот. Покрај вработените во Општина Битола и јавните претпријатија од градот, на терен во чистењето учествуваа и вработените на подрачните единици на сите државни институции.
Акцијата, чиј носител е ЈП „Комуналец“, се одвиваше на три главни пункта: зад паркингот кај Новиот пазар, во просторот зад Градската библиотека и во населбата Карпош. Екипи на „Комуналец“ ги обезбедија учесниците во акцијата за чистење со нараквици, вреќи за ѓубре, опрема, а потоа со нивните возила го отстрануваа собраниот отпад.
На наведените локации, во фреквентни места од градот, можеше да се најде секаков вид на ѓубре, вклучувајќи употребени детски пелени, алишта, па дури и домашни кујнски предмети.
Денешната акција, која е уште една во низата на акции спроведени годинава за почиста Битола, нека претставува мотив повеќе за сите жители, да ја чуваат животната средина и отпадот да го фрлаат во соодветно поставените корпи и садови низ градот.

Општинската администрација собра над 500 вреќи со отпад (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Со балетската претстава “Шехерезада“ утре започнува јубилејното 35. издание на “Интерфест“ во БитолаСо балетската претстава “Шехерезада“ утре започнува јубилејното 35. издание на “Интерфест“ во Битола

- Започна новата академска година на УКЛО – Битола (фотогалерија)
- Забрана за риболов на пастрмка во акумулација “Стрежево“
- ОЈО Битола: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици
- СВР Битола: три приведување во спортската сала, нападнат малолетник од родител на соученик




