Хелсиншкиот комитет за човекови права и амбасадата на Кралството Холандија одржа четврта проекција од овогодинешото издание на филмскиот фестивал “Movies that Мatter”, по повод одбележување на Меѓународниот ден на човековите права.
По проекцијата на филмот “Facing the dragon“ од режисерката Sedika Mojadidi, следеше дискусија со Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка и Габриела Илиевска, активистка од Поинаку, а модераторка беше Тања Стоименовска од Хелсиншкиот Комитет за човекови права.
Документариот филм е одличен медиум за да ги прикаже и доближи состојбите и прекршоците на човековите права, како и борбата за истите во различни делови на светот преку јазикот на филмот, како и да отвори дискусија за различните акспекти на човековите права прикажани преку избраните филмови.

Со проекција и дискусија одбележан Меѓународниот ден на човековите права (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Со балетската претстава “Шехерезада“ утре започнува јубилејното 35. издание на “Интерфест“ во БитолаСо балетската претстава “Шехерезада“ утре започнува јубилејното 35. издание на “Интерфест“ во Битола

- Започна новата академска година на УКЛО – Битола (фотогалерија)
- Забрана за риболов на пастрмка во акумулација “Стрежево“
- ОЈО Битола: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици
- СВР Битола: три приведување во спортската сала, нападнат малолетник од родител на соученик




