Вечерва се одржа Духовна трпеза на небото и земјата во чест на Вашиот и наш Свети Нектариј Битолски, а утре богослужба и литија.
Вечерва во пресрет на празникот во чест на Свети Нектариј Битолски, заштитникот на Битола, се одржа Духовна академија насловена “Божествен Нектар“ во салата на Народниот театар на која присуствуваа Владиката Петар, градоначалникот на Битола- Наташа Петровска, Високо пречесни, пречесни и преподобни отци и сестри, возљубени гости, почитувачи на делото на нашиот и ваш Св. Нектариј Битолски.
Духовната академија започна со изведба на Тропар на Свети Нектариј во изведба на малата Нектарија Илиевска, а потоа присутните ги поздрави градоначалничката на Битола.
Владиката Петар се осврна на животот на Свети Нектариј кој ја напуштил Битола, за повеќе да мисли за неа и да се моли за Битола и нагласи:
-Треба со повеќе чест да го чествуваме заштитникот на Битола, како тоа што беше пред десетина години, кога беа битолчани многубројни и притоа никој не седеше во чест на Св. Нектариј и за спасителот наш Исус Христос, за време на литиите. Но сега е некое друго време и не нема почит кон никој, ни кон родители, учители… Со еден збор паднаа вредностите на нашиот град. Прекрасниот град сега е касаба, преполовен град. Светиот Нектариј треба да ги просветли сите битолчани, а не само ние тука нецели 200 души. Тој умира за нас, но сега ја нема таа љубов. Сакам црквата утре да биде преполна, но за жал да бидат и оние кои се повикани.
На вечерново духовно торжество, небесна радост на присутните им приредија Византискиот хор “Св. Ахил Преспански со кој диригираше ѓакон Константин Сековски, женскиот црковен хор “Св. Макрина“ со диригентот Мери Чекуткова и византискиот хот “Св. Нектариј Битолски“ со кој диригираше м-р Игор Гулевски.
Утре ќе се одржи литијата по улиците на Битола, а претходно ќе има богослужба во црквата „Св. Димитрија“.
С.Р.






