Press "Enter" to skip to content

Битола пред стемнување гледана од Смолево (видео+фото)

Додека Битола се гуши во магла, посебно долните делови на градот, најповеќе во “Карпош“, “Јенимаале“, “Ушици“, “Дулие“, “Стелиште“… на само 15-20 минути пешачење, состојбата е поинаква.

Како што можете да видите, на кратко време пред стемнување, кога бевме кај омиленото место на битолчани за пешачење, Смолево, нема ни трага од маглата, а како од таму се гледа Битола, која “ја нема“, преку краткото видео и форографиите.За жал само неколкумина “избегаа“ од маглата е се искачија горе кај Смолево, а како ни рече еден битолчанец, требаше да дојдете порано кога беше сонцето, можевте и да се сончате.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »