Press "Enter" to skip to content

Општина Битола со соопштение до граѓаните за состојбата со амбиенталниот воздух

Свесни сме дека изминатите денови се соочуваме со зголемени концентрации на загаден воздух, кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните.

Општина Битола секојдневно следи и изготвува извештаи за среднодневните концентрации на квалитетот на амбиенталниот воздух од мерната станица Битола 2 и согласно позитивната законска регулатива ги известува граѓаните на Општина Битола:

Имено, според Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на информирање и алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12. 2017) се дефинирани прагот на информирање и алармирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10):

Прагот на информирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) со надминување на вредноста од 100µg/m 3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.

Додека прагот на алармирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) од 14 декември 2019 година се намалува од 188 g/m3 и истиот изнесува 175 g/m3 среднодневна концентрација во текот на два последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.

Според добиените податоци од Министерството за животна средина и просторно планирање, измерени за мерната станица Битола 2, во двата изминати последователни денови (15 декември и 16 декември), не се надминати граничните вредности.

Следејќи ги податоците од надлежните институции, Општина Битола благовремено ќе ги информира граѓаните и ќе презема соодветни законски постапки.

Во таа насока, ги замолуваме граѓаните да ги следат официјалните соопштенија од страна на општината во наредниот приод.

More from ВестиMore posts in Вести »