Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: 190 битолчани ќе купат субнецинирани клими и градскиот превоз да биде бесплатен при голема загаденост

Од пристигнатите 290 апликации на објавениот јавен повик од Општина Битола за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за купување клима уреди – инвертери за 2019, одобрени се 190 апликации, а одбиени се 26 апликации. Вкупната сума на обезбедените средства од 2 500 000 денари од страна на општината,  е во функција на стимулација на граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени. Средствата се доделени на апликантите врз основа на нивното исполнување на условите наведени во јавниот повик, до целосно исцрпување на средствата предвидени за повикот, односно заклучно со апликацијата со број 219. Оваа година од страна на Општина Битола, во функција на горенаведената мерка, со цел да се даде придонес кон обезбедување на почиста животна средина, исплатени се 2.500.000 денари на претходниот јавен повик за надоместок на дел од трошоците за клима уреди – инвертери, додека на повикот објавен во периодот од 01.11.2018 – 07.02.2019 за печки на пелети, исплатени се 500.000 денари.

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска покрена и достави иницијатива до превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници во Општина Битола со градските линии, да обезбедат бесплатен јавен превоз со градските линии за сите патници, кои што ќе сакаат да го користат овој вид на превоз во критичните денови со високи нивоа на загаденост на воздухот над максимално дозволените. Доколку превозниците прифатат да не наплаќаат возни билети од патниците на градските линии во критичните денови со високи нивоа на загаденост на воздухот над максимално дозволените, Општина Битола изразува подготвеност да го субвенционира нивниот дневен промет во тие денови, во висина на просечниот дневен промет остварен од продажба на возни билети на тие линии во последните 30 дена, сметано од денот на донесувањето на мерката, врз основа дневните финасиски извештаи.

More from ВестиMore posts in Вести »