Press "Enter" to skip to content

Генералниот бугарски конзул во Битола, Димитар Иванов со подароци за децата во детско одделение (фото)

Генералниот бугарски конзул во Битола, Димитар Иванов денес со своите најблиски соработници ја посети Книничката болница и им подели новогодишни пакетчиња и подароци на дечињата кои се на лекување во детското одделение.-Ви посакувам пред се добро здравје и за брзо време, за големите празници кои се пред нас да бидете излекувани и да си бидете во своите домови заедно со најблиските. Знаеме дека ова се мали подароци за вас, но сакаме со ова внимание да ви ги направиме овие денови кога сте овде полесни, им рече, Димитар Иванов.Од име на дечињата и персоналот во детското одделени на Иванов му се заблагоради директорот на Клиничката болница, Зоран Лазаров кој рече:-Ова се мали подароци за овие големи херои, дечиња, кои тука се лекуваат, а кои со негата и лекувањато кое тука го добиваат, се надеваме дека брзо ќе оздрават. Вам, генерален бугарски, Димитар Иванов, ви се заблагодарувам за времето и вниманието кое го одделивте да ги посетите овие наши мали пациенти, а се надевам дека соработката нема тука да застане и ќе продолжи и понатаму на други полиња.По добивањето на подароците во детското одделение им се поделија подароци на дечињата кои се на лекување и во останатите одделенија на Клиничката болница.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »