Ротари клубот “Битола“ денес донираше апарат кој за прв пат се набавува во Македонија, а е наменет за одделението за ментално здравје во Клиничката болница во Битола.
-Апаратот е донација на ротари клубот “Битола“, за да помогне во лекувањето на одредена категорија на млади лица, со попречен развој, за нивно унапредување на нивното здравје. Ротари клубот “Битола“ континуирано и служи на општеството со донации и проекти од најразличен тип, а ќе продолжиме и понатаму, рече престедателот на Ротари Клубот “Битола, Васко Талевски, кој нагласи дека помошта нема цена, а во клубот има менаџери, лекари, адвокати… кои дадоа придонес за оваа донација.
Апатарот е за прв пат увезен во државата и коќта околу 4.000 евра, а за неговата примена началнилката на одделенито Билјана Гагачева рече:
-Апаратот ЕЕГ догитрак, неуро фитбек апарат, произведен во Полска, е најновата верзија и е три канален. Со овој апарат ќе се усовремени третманот на децата со атипичен и типичен развој во одделенито за ментално здравје. Со овој апарат ќе се применува и нова метода која ќе ги подобри перфомансите кај клиентите.
Во име на клиничката болница благорност упати и директорот д-р Зоран Лазаров.






