Започнаа со Историски час со мото “Историјата се пишува со срце“ сценска креативна изведба на рецитал со кои на учениците патуваа низ животот и делото на поетот и револуционер Коста Солев Рацин, за да продолжи со партизнаски логорски оган на кој се готвеше грав, со оригами техника учениците правеа партизанки капи, група ученици- плетачки плетеа чорапи и подучуваа млади родители преку ликовни творби и илустрации.
Продолжија со проучување на “Бели Мугри“, учениците пишуваа разгледници, квиз за животот и делото на Кочо Рацин, во училницата од иднината се изведуваа демонстрации на едукативни и други содржини преку виртуелна и аугментирана реалност.
За да завршат со рецепти за среќа и здрава храна и полна трпеза сето ова се случуваше во отворените денови на одбележување на тронатот на ОУ “Кочо Рацин“ во село Ивањевци.
Директорот на училиштето, Весела Весе Богдановиќ, ни објасни дека во отворените денови на прослава на училишетото се организираа повеќе настани со проектни активности во кои беа вклучени учениците, родители и мештани на селото Ивањевци. Така овие денови училиштето стана место на дружење, соработка и размена на идеи, развивање на вештини и историски времеплов. Особено интересна беше презентацијата на еден неоткриен историски материјал за етапите на развој на образованието во ова село од 1800 година па до дене денес. Тој историски материјал е собран во соработка со дедо Цане, а воедно беа повикани другите постари лица да се вклучат во ова започнато истражување и собирање на вредни информации за изработка на книга сведок на времето.
Таа продолжи дека тимот наставници кој ги подготвуваше активностите за патрониот празник се насочи и кон развивање на посебни вештини кај учениците. низ игри и активности за унапредување на просоцијални вредности. Дечињата научија да плетат чорапи, а потоа групата ученички плетачки ги подучуваше младите родители да плетат додека им раскажуваше која улога ја имале жените во времето на НОБ.
Низ креативност и игра група дечиња преку техника “Оригами“ ги учеше присутните како се прават партизански капи. Научија како некогаш се пишувале разгледници и сите присутни пишуваа кратки текстови од срце кои ги би пратиле на саканите кога би биле далеку од нив во услови кога не би постоел интернет и мобилни телефони за комуникација.
Партизаните околу логорски оган готвеа грав и на присутните им правеа квиз за животот и делото на Рацин. Ученик во улога на Рацин презентираше копии од Рациновите љубовни картички додека одеше и документарен филм, снимено интервју со муза на Рацин.
Старата машина за пишување беше вистински хит за современите деца пораснати со компјутери. Во училницата од иднината се изведуваа демонстрации на едукативни и други содржини преку виртуелна и аугментирана реалност, за да се долови какви ќе бидат и самите учебници во скора иднина и кај нас.
Во собата на Дедо Мраз преку неколку креативно уредени центри прусутните учествуваа во игри и активности за унапредување на просоцијални вредности. Преку ликовни изработки на мини сцени и илустрации училиштето ги поттикна учениците фокусирано да ги проучат Рациновите Бели мугри.
Во училницата на најмалечките облечени како кувари, гостите пишуваа рецепти за среќа и рецепти за храна која ги потсетува на нивното детство воедно пречекани со полна трпеза здрава храна.
Градоначалничката Јасмина Гулевска рамо до рамо со родителите, бабите и дедовците помина прекрасни часови активно учество во сите работилници. Свеченоста продолжува во понеделник со сличен но различен концепт во ПУ во село Српци.
Жанета Ристевска






