Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведено лице под сомнение за полов напад на малолетник, нападнато медицинско лице…

На 20.12.2019 во СВР Битола, од страна на Центарот за социјални работи во Битола добиено е писмено известување дека се сомневаат за извршено кривично дело “полов напад на дете кое не наполнило 14 години“ од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во содејство на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи постапено е по пријавата, при што на ден 21.12.2019 година лицето на возраст од 58 години е лишено од слобода и предадено на обвинителството.

Во СВР Битола, вработена во Итна медицинска помош пријавилa дека истиот ден на булевар „1-ви Мај“ физички била нападната од две лица додека пружала помош на едното од нив кое било во алкохолизирана состојба. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против физчко и правно лице поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 05.10.2019 првопријавениот вршел јавен превоз на огрево дрво во товарно возило „мерцедес“, сопственост на второпријавеното лице, без да поседува лиценца.

На 22.12.2019 во СВР Битола, П.А. (25) од с. Драгожани, битолско, пријавил дека бил физички нападнат деветнаесет годишник. По целосно документирање на настанот ке биде поднесен соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »