Учениците од основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ второто полугодие ќе се греат на нов современ начин, а стариот систем на парно греење на дрва комплетно ќе се замени, а новиот систем нема ја загадува животната средина во центарот на Битола.
Веќе се работи на целосна промена на начинот на греење, а наместо да се горат сто и повеќе “кубици“ дрва, новиот систем на инвертери ќе работи на струја, а дрвата целосно ќе бидат отфрлени.






