Спортскиот клуб “Црна Река” 1929 од Битола продолжи со збогатување на риболовната вода во Стрежевското Езеро и подобрување на условите за риболов за сите рекреативни риболовци.
Денес, пред голем број заинтересирани граѓани, се изврши во една година рекордно, четврто (дополнително) порибување на рекреативната зона „Акумулација Стрежево”, надвор од обврската за порибување со дефинирани количини на подмладок.
Порибувањето се реализираше со возрасни единки од крап (Cyprinus carpio) со димензии над 1.5 килограм, во согласност со мислењето од овластената установа изработувач на риболовната основа.
Крапот потекнуваше од регистрираниот репроцентар “Бел Камен“ од село Жабени, а порибувањето беше со средства од здружението на рекреативни риболовци и екологија спортски клуб “Црна Река” 1929 од Битола.
Локацијата на порибувањето беше браната “Стрежево” (крајбрежниот појас во близина на Командната зграда и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”).
На порибувањето присуствуваа овластени претставници на концесионерот, претставници од репроцентарот “Бел Камен“ од село Жабени, членови на ЗРРЕСК “Црна Река 1929“ од Битола од Битола, инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство и претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Јавното претпријатие „Стрежево” – Битола, во следната 2020 година ќе продолжи да врши порибувања на риболовната вода “Акумулација Стрежево”, на задоволство на сите љубители на риболовот и животната средина.
Концесионерот ЈП “Стрежево“ – Битола посебно се заблагодари на ЗРРЕСК “Црна Река” 1929“ од Битола за донацијата, како и на сите граѓани и медиумски куќи кои го поддржаа овој настан, а од таму порачаа дека со заеднички сили го продолжуваме успешниот пат што го трасиравме во 2019 година и наредната година.
Фото: ЈП “Стрежево“






