Press "Enter" to skip to content

Проф. д-р Живко Јанкулоски координатор на тимот за изборната програма на ПОДЕМ

Централниот одбор на ПОДЕМ денес  одржа редовна седница на која се дискутираше за подготовка на партијата за претстојните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април во 2020 година.

Со одлука на Централниот одбор се формираше Централен изборен штаб, со кој ќе раководи генералниот секретар на партијата Драган Димески. За заменик шеф е избран Златко Лозановски – член на извршниот одбор на ПОДЕМ.На истата седница се донeсоа и одлуки за формирање на 6 регионални изборни штабови и 55 општински изборни штабови. Со општинските изборни штабови ќе раководат претседателите на општинските организации на ПОДЕМ.

Проф. д-р Живко Јанкулоски во својство на координатор на тимот што ја подготвува изборната програма, ги образложи проектите кои ПОДЕМ ќе ги вклучи во изборната програма.

На седницата беше прифатена информација за изборната платформа со која тимот на ПОДЕМ ќе настапи во преговорите со ВМРО ДПМНЕ за заедничко предизборно коалицирање.

More from ВестиMore posts in Вести »