Press "Enter" to skip to content

ЈП “Стрежево“ наместо да ја украси зградата, парите ги донира во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ (фото)

Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола, како општествено одговорна институција се откажа од традиционалното новогодишно украсување на управната зграда со единствена цел – тие средства од сопствени ресурси да ги намени во подобрување на образовните капацитети преку донација на нагледни средства и уредување на просториите во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев“ од Битола.ЈП “Стрежево” – Битола им приредува мало изненадување со новогодишни подароци на учениците со посебни потреби, со што на некој начин ќе им го збогати новогодишниот амбиент.Директорот на претпријатието, Методија Граматковски изјави:-Поттикнати од неизмерната радост со која нè дочекуваат, на ова гледаме како на искрено пријателство што несомнено се развива. Како општествено одговорна компанија наша цел е помагање и развивање свесност за основните потреби на овие деца. Нашето вклучување е потврда дека секој колектив или поединец може и треба да се инволвира во создавање на што подобри услови во општеството и помагање на засегнатите групи граѓани, а пред сè на најранливите – децата.Децата од ОУ “Ѓорги Сурарев“ на овој за нив убав подарок, возвратија на начин кој е за нив најдобра, со приредба, во која учествуваа сите.

Фото: ЈП “Стрежево“

More from ВестиMore posts in Вести »