Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: крадел делови од лифт од стара фабрика, завршил во болница

На 25.12.2019 во 11.45 часот во СВР Битола, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 26 годишник од Битола.

Според пријавеното, тој се здобил со повреди при обид да изврши кражба на тегови кои го држеле лифтот во напуштен објект на поранешна фабрика на улица „1 Мај“ во Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »