Press "Enter" to skip to content

Нов “ратрак“ и ски-санка, извршен технички преглед на ски-лифтот, се чека само снегот во ски-центарот “Нижеполе“ (фото)

ЈП “ Стрежево” – Битола, како субјект кој стопанисува со ски центарот Ниже Поле, продолжува со конкретни инвестиции во модернизација на ски центарот преку подобрување на патеките и безбедно скијање во интерес на нашите посетители.

Набавена е специјализирана машина за обработка на снег – тапкач на снег (ратрак) и за прв пат на патеките на нашиот ски центар ќе се појави современа ски-санка со исклучително прецизно управување, која ќе игра многу важна улога во безбедноста на патеките односно елиминирање на ризиците во сите снежни активности на нашите ски патеки.При евентуална повреда на скијач на повисоките предели ќе може безбедно повреденото лице да се пренесе до почетната станица, а од друга страна тапкачот на снег ќе овозможи уредување на патеките и подобрување на условите за скијање.

Директорот Граматковски за модернизаџијата на ски-центарот изјави:

-На модернизирањето на ски центарот може да гледаме како логичен потег од континуираното подобрување. Вложуваме максимум согласно можностите во тоа што нашите гости го бараат оваа сезона. Наша задача е да го изостриме слухот, тие барањa да ги адаптираме најбрзо што можеме, а таму каде можеме и да ги изненадиме пријатно нашите посетители. Скијалиштето добива нов, поубав и побезбеден облик, а неговата намена е мултифункционална за следните години.Извршен е годишен преглед и технички преглед на скилифтовите и истите се одржуваат и функционираат така што одговараат на својата намена и барањата на безбедноста на превозот на скијачи.

Претпријатието и во следната година ќе продолжи да инвестира во уредувањето, опремувањето, одржувањето, користењето и управувањето со скијачкиот центар на задоволство на сите љубители на овој планински бисер.

More from ВестиMore posts in Вести »