Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес ја закажа последната едница на Советот за оваа година, 49. по ред, на која ќе се расправа и ќе се гласа за општинскиот буџет за идната, 2020, година, буџетскиот календар, за платите на администрацијата, како и за програмата за работа на Советот.
49. седница на Советот на Општината Битола која е закажана за 10,оо часот, ќе се одржи по следниот дневен ред:
1. Предлог-Буџет на Општината Битола за 2020 година.
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општината Битола за 2020
година.
3. Буџетски календар за 2020 година.
4. Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година.
5. Извештај за работата на Советот на Општината Битола за 2020 година.
6. Програма за работа на Советот на Општината Битола за 2020 година.






