На 27.12.2019 во 23.00 часот во хотел во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода двајца државјани на Куба, поради незаконски престој во Македонија. Лицата се предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.
На 27.12.2019 во 16 часот во СВР Битола, битолчанка а пријавила дека околу 15.55 часот во поранешен салон за мебел на ул. “Охридска“ во Битола била физички нападната од 66 годишен маж од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






