Press "Enter" to skip to content

Изгласан буџетот на Општина Битола, “тежи“ над 32 милиони евра

Главна точка на последната седница на Советот на Општината Битола беше донесувањето на Буџетот за 2020 година, а изгласан е буџет за наредната година во висина од над 32 милиони евра. Основниот буџет е околу 535 милиони денари или 8,5 милиони евра, а дотациите од државната каса се близу 23,5 милиони евра.

Во овој буџет влегуваат и  2,5 милиони евра, 0д Владата, пари со кои две и пол илјади семејства ќе добијат по илјада евра за набавка на инвертери.

Градоначалничкта Наташа Петровска на седницата рече сите побарувања се наплатени или општината во моментов не должи никому. Сега го реализираат и она што некој го превзел како обврска и не го завршил. Буџетот според неа е реално планиран и реално остварлив, а ја спомена и гасификацијата за која се планирани 20 милиони денари, а први кои ќе бидат приклучени ќе бодат “Цермат“, Битолска млекара, “Сокотаб“, “Бага Фуд“, “Кочо Рацин“, земјоделско средно…

Во предложениот буџет се наоѓаат средста и за други проекти кои што се во тек, како што се стадионот, офицерскиот дом, реконструкција на улици, канализации, програмата за животна средина и други програми и проекти на локалната самоуправа.

More from ВестиMore posts in Вести »