На јавниот повик од општината за доделување грант за уредување на јавен простор, училиштето конкурираше во партнерство со Здружението Центар за локални иницијативи од Битола и со добиените средства направи катче за учениците во кое можат удобно да ги поминуваат воннаставните моменти.

Со заеднички сили родителите, учениците и наставниците, а со поддршка на општината направија прекрасни клупи и масички, а креативноста отиде и понатаму, така што од палетите се направија и две елки кои ќе го украсуваат училиштето за новогодишните празници.

Со оваа прекрасна акција на општината се постигнаа многу посакувани ефекти зголемена соработка со локалната средина, зголемена соработка со родителите, позитивно дружење на родителите и децата, тимска работа, стекнување вештини, креативно изразување.






