Press "Enter" to skip to content

“СН Финансии“ и “ЈК Травел“ обезбедија 400 топли оброци за социјално загрозени семејства во Битола (фотогалерија)

На просторот кај старата касарна во рамките на хуманитарната акција  “Food Drive – 400 топли оброци“ за социјално загрозени семејства во Битола, се готеше храна која беше поделена, а истата ја обезбедува “СН Финансии“.Освен храна, вработените во СН Финансии на најмладите им беа поделени и новогодишни пакетчиња, како и облека.Оваа акција се одржува по четврти пат во Битола, во организација на Црвен Крст на Република Македонија, Општинска организација Битола, а од “СН финансии“ рекоа:-Денеска заедно со Општинската организација на Црвен крст на Битола делиме 400 оброци за социјално загрозените семејства во Битола. Се работи за храна која ја обезбеди СН “Финансии“ и Туристичката агенција “ЈК Травел“. Подготвени се 100 кг риба, 60 кг грав, обезбедени 200 леба, 15 кг зелка, и се она што беше потребно за да се подготви овој оброк.

Мило ни е што токму пред новогодишните и божиќните празници сме дел од оваа акција, и можеме да помогнеме секое семејство во Битола да добие оброк каков што заслужува, додаваат двете компании кои донираа денес.

 

More from ВестиMore posts in Вести »