Во согласност со Законот за високото образовани и Статутот на УКЛО се одржа Изборно собрание за Претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.
Дона Петрова, редовен студент на Правниот факултетот избрана е за лидер на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Таа истакна дека со членовите на раководството на УСС и студентите на УКЛО ќе се реализра Програма за работа што треба да овозможи поддршка и помош за студентите, но и нивна поголема активност и учество во проекти.
Проректорот за студентски работи на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски по повод денешниот избор за студентски лидер на УКЛО изјави дека:
-УКЛО прв го имплементира Законот за високо образование и отпочнува со новата форма на студентско организирање и избор на студенски лидер по пат на тајно гласање од страна на претставниците на студентите на сите факултети. Ректоратот на УКЛО го поттикнува студентскиот активизам и нивното будење. Во државата мора да има место
за младите, студентите и заедно мора да го победиме песимизмот и изградиме заеднички пат кон иднината. Во минатото односно во историјата е запишано дека студентите биле фактор во државите и столб на демократското уредување. УКЛО студентот го гледа како партнер во одлучувањето на Универзитетот и креирањето на политики и квалитет во наставата, практичната настава и градење на претприемачки дух, на тој начин на непосреден начин да остави директно влијание врз општествените промени и движења. На почетокот на 2020 ќе следи повик на УКЛО за финансирање на студентски проекти за нивни активности, обуки и конференции. Воедно УКЛО ќе поттикне и поддржи поголеми вмрежување на студентите и студентското собрание со колегите од Универзитететите од ЕУ, САД и други земји како и уште поголема мобилност на студентите.
Со изборот на Дона Петрова за студентски лидер на УКЛО на тајно гласање од две утврдени кандидатки, студентите на УКЛО го афирмираа базичното начело на еднаквост, со што УКЛО се вбројува меѓу универзитетите чија цел меѓу другото е постигнување на вистинска родова еднаквост.






