Press "Enter" to skip to content

Д-р Кристинка Пајаковска од болница “Плодност“ со одговори на прашањата од мајките за породување во вода

Приватната болница “Плодност“ Битола, следејќи ги сите најсовремени светски трендови, воведе уште една услуга,по која ке биде прва и препознатлива во регионот. Станува збор за породување во вода, кое заедно со тимот од “Плодност“ го изведе д-р Кристинка Пајаковска, која одговара на најчесто поставуваните прашања од страна на родолките за породувањето во вода.

-Овој начин на породување има големи предности и за мајката и новороденото. Топлината на водата го опушта телото,а тоа за мајката значи намалување на болките. Релаксацијата води кон подобра координација на болките,кои траат пократко и се поефективни, а со тоа се намалува потребата за обезболување. Во водата се зголемува можноста за промена на положбата за време на породувањето, се олеснува дишењето (родилката диши порамномерно, без хипервентилација). Водата дејствува релаксирачки на мускулите на малата карлица и затоа се намалува бројот на повреди на родилните патишта и потребата од епизиотомии, така што сето тоа заедно доведува до поголемо задоволство на мајката. Породувањето треба да се одвива во смирен  и релаксиран амбиент, температурата на воздухот да биде 24 степени, без струење, температурата на водата 37 степени. Водата е проточна и лесно масира, вели доктор Пајаковска, која за кадата во која се одвива раѓањето додава:

-Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик им дава комфор на родилката и акушерките за заемна соработка. Механичко чистење, дезинфекција и редовни контролни брисеви, како и одводни цевки за еднократна употреба обезбедуваат спречување на појава на инфекци.

Породувањето во вода е личен избор на пациентката, а еве ги одговорите на најчесто поставуваните прашања за породувањето во вода.

Дали е потребна посебна припрема за породување во када?

Идната мајка немора да најавува дека сака породување во када,но пожелно е кога доаѓа на контролните прегледи да поразговара со акушерот за можностите за породување во вода. Треба да се запознае со индикациите и контраиндикациите за породување во вода.

 Кога трудницата влегува во кадата во текот на породувањето?

Родилката влегува во када со топла вода кога ке бидат воспоставени регуларни контракции на 3-5 минути и кога дилатацијата (отвореноста на грлото на матката) е околу 4 до 5cm. Околуплодовата обвивка може да биде зачувана, а и немора. Предходно да се провери крвниот притисок,наодот од брисевите и останатата лабораторија. ЦТГ записот мора да биде уреден. Колкава е температурата во водата во која влегува родилката?

Температурата на водата е приближна на температурата од телото од 35-37,5 степени. Тоа е темепратура која можи да ја намали болката и да стимулира природни контракции.

 Колку долго родилката може да биде во кадата?

Родилката останува во кадата околу 2 часа. Се вклучуваат хидромасажерите,родилката влегува во вода до гради може да седи или е во полулежечка положба, за тоа време се рехидрира со мали голтки вода, исто така и партнерот може да биде вклучен како би и пружил додатна подршка.

До која фаза на породувањето може да се остане во кадата?

Во текот на двата саати во кадата се отвора грлото на матката и за тоа време најчесто е комплетно отворена после кое е спремно за фазата на експулзија (породување на бебе).

 Дали породувањето завршува во када?

Пациентката може да избери дали кадата ке ја користи до моментот на породување за да ги намали болките,или ке го заврши породувањето во вода.

Дали постои можност некој друг да влезе во кадата со родилката?

Иако е кадата комфорна во неа освен родилката не влегува никој друг но постои можност сопругот да присуствува во текот на породувањето.

Какви се искуствата на жените кои го одбрале овај начин на породување?

Приметено е дека осетливоста на контракциите се ублажува за тоа што е смалено лачењето на хормонот на стресот (адреналин и норадреналин),а е зголемено лачењето на хормонот кој природно го ублажува стресот -ендорфин.

 Колку трае породувањето во вода?

Породувањето во вода е побрзо! Иако контракциите со време стануваат појаки и регуларни (што го забрзува отворањето на грлото на матката) родилката субјектвино ги доживува како поблаги и полесно ги поднесува. Под дејство на топлата вода, мускулите стануват поопуштени и полено се отварат.

 Дали и кои лекови се користат во текот на породувањето?

 ТОПЛАТА  вода го стимулира природното лачење на хормоните кои стимулиараат контракции (окситоцин и вазопресин),така да нема потреба од медикаменти во текот  на ова породување. Предности на опуштање во вода за време на трудовите

 

-релаксација

-пократки контракции

-подвижност

-совладување на болката

-постојана присутност на акушерката

Предности на самото породување во вода

-помал ризик на повреда на перинеум (меѓица)

-го олеснува и го забрзува породувањето

-при ова породување траумата за бебето е помала.

 Кога не е добро да се одбере породување во вода:

-ако имаат здравствени проблеми како диабетес, болести на срцето, бубрежни заболувања или хронични психички пореметувања

-ако имате висок крвен притисок

-ако имате пре-еклампсија

-ако имате било какво крварење во последните недели од брменоста

-ако имате активен вагинален херпес

-ако сте имале предходно царски рез

-ако имате провоцирано породување

-ако се породувате во близнаци,тројки

-ако е плодот во карлична позиција

-ако е во прашање предвремено породување

-ако второто породилно време трае долго.

 Морате да ја напуштите кадата во следните случаеви:

 -кога ЦТГ записот не е добар

-ако сакате епидурална аналгезија

-ако контракциите напредуваат многу споро

-ако започне крварење во текот на контракциите

-ако осеќате слабост

-кога ке настапи третото родилно време (породување на постелката) поради ризикот на зголемено крварење.