Press "Enter" to skip to content

Британски државјанин под истрага за продажба на дрога во Битола

Осомничениот 33-годишник имал привремен престој во еден хостел во Битола и на 30 јануари неовластено набавил наркотична дрога марихуана во вкупна нето маса од 24,68 грама. Дел од дрогата за износ од 500 денари тој му ја продал на едно лице, додека остатокот бил пронајден при претресот во неговата хотелска соба.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави Предлог за определување притворспрема осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со Решение определи притвор во траење до 30 дена, стои на веб-сајтот на јавното обвинителство.