Press "Enter" to skip to content

Денес е 51. седница на Советот, ќе се утврдуваат критериумите за субвенционирање на инвертер клими

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес ја свика 51. седница со почеток во 10 часот. 

На седмицата ќе се најде и точката на која ќе се донесе правилникот за субвенцирање на трошоци за набавка на инвертер клими во утврдените зони на подрачјето на Општина Битола.

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот, со предлог на следниот дневен ред:

1. Програма за измена и дополнување на Програмата за животна средина за 2020 година.

2. Правилник за начин, услови и критериуми за надоместување на трошоците на домаќинста во утврдените зони на подрачјето на Општина Битола за заштита на квалитето на амбиенталниот воздух – замена на печките кои користат огревно дрво со инвертер клими.

3. Одлука за отстапување на трактор со додатна опрема: приколка, преден нож за
чистење на снег, заден ровокопач, тракторска алатка за метење на улици и мулчер со носач за ножеви за кастрење на гранки, во сопственост на Општина Битола на трајно користење на ЈП Комуналец – Битола.

4. Програма на НП Пелистер Битола за искористување на средства од Програмата на Општина Битола за финансирање на туризмот за 2020 година.

5. Информација за безбедносната состојба на подрачјето на полициска станица од општа надлежност Битола во текот на второто полугодие од 2019 година.

6. Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2020 година во КЈП „Нискоградба“Битола.

7. Решение за давање согласност на Одлуката за измени и дполнување на Одлуката за усвојување на Ценовникот за изведување на градежни и монтажни работи по Програмата на Општина Битола од ЈКП „Водовод“Битола.

8. Решение за давање согласност на Одлуката од КЈП „Нискоградба“Битола во врска со измени и дополнување на Ценовникот бр.01-724/1 од 16.06.2014 година.

9. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за помошно-техничките лица вработени во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“Битола за 2020 година.

10. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за помошно-техничките лица вработени во ЈОУДГ „Мајски Цвет“ – Битола за 2020 година.

11. Разрешување и именување на член во Надзорен одбор на ЈКП „Водовод“Битола.