На 08.02.2020 во 18,00 часот било пријавено дека во Клиничка болница Битола 27 годишен битолчанец кој бил вработен во обезбедување во болницата додека бил на работа бил физички нападнат. Се работи на расчистување на случајот.
Полициски службеници од СВР Битола за време на викендот извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека осум возачи разговарале на мобилен телефон додека управувале возило, осум возачи не поседувале возачка дозвола, брзината ја надминале четворица возачи и 13 биле под дејство на алкохол. За сите неправилности издадени се соодветни налози.






