На 16.02.2020 во 10.20 часот во СВР Битола, лекарка во Итна медицинска помош пријавила дека во ноќен клуб во Битола, каде биле на интервенција по добиен повик на телефонскиот број 194, била физички нападната од едно лице. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.02.2020 во 19.00 часот во СВР Битола, М.С. (34) од Битола пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Е.С. (24), заедно со нивните малолетни деца на возраст од три и една година. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.






