Press "Enter" to skip to content

Совети од нутриционист: зошто треба да внесеме зелка во нашата исхрана?

Сезона на зелка е во секој месец од годината, а за многумина таа е омилен деликатес, а треба да биде за повеќето, зашто претставува вистинска витаминска бомба и спаѓа во диетален производ .

Многумина не знаат кои придобивки ги имаме со самата конзумација на зелка, а зелката е богата со хранливи фито материи и спаѓа во фамилијата  “brassica“ заедно со прокељ, кељи брокула.

Свежата зелка со темно зелени листови е неверојатно богата со хранливи материи и уште една битна работа, има 25 калории на 100 грама, што спаѓа во диетален производ.Свежа зелка е извор на природен антиоксидант, богата со витамин Ц и обезбедува 61% од препорачана дневна доза, а знаеме дека редовна конзумација на витамин Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективне агенси и да ги собере штетните слободни радикали кои предизвикуваат воспаленија.

Исто така свежата зелка е богата е со есецијални витамини како сто се пантетонска киселина, витамин б5, б6, б1.

Содржи солидно количество на минерали како што се (калиум, манган, зелезо и магнезиум) кои се погодни за работа на срцевиот мускул, баланс на крвниот притисок и формирање на црвените крвни зрнца.

Исто така зелката е извор и на витамин К кој има битна улога во метаболизмот на коските, со што потикнува остеотропска активност во нив и витаминот К има битна улога кај пациентите со Алцхајмерова болест, затоа што го ограничува оштетувањето на невроните во мозокот.

За совети за исхрана и диет програми, нутриционист Тоше Соколов
Телефон 070/355-654 или на фб страна “Vitaf diet“.