Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Изборот на партнер обично се заснова на несвесното

Во обид да разрешиме неразрешени односи со важните личности од детството, поправен испит со мајка и татко или друга важна личност од детсвото, и ако сме имале болни односи со родителите или други значајни фигури,  ние несвесно наоѓаме партнери слични на нив во обид да ги поправиме односите со “тој тип на личности“ за да ја завршиме недовршената работа.

Токму такви личности ни се и интересни, бидејќи со таквите сакаме да бидеме заедно макар и на штета на нашиот емоционалн живот или таа врска рационално не истоштува. Токму  такви ни се и интересни бидејќи со таквите сакаме да го совладаме односот.  

Иако луѓето сакаат да веруваат дека ги привлекуваат луѓе кои се достапни, стабилни, предвидливи, доверливи… сепак, голем број на луѓе НЕСВЕСНО  се привлечени од емоционално, дури и физички, недостапни луѓе. Често слушаме дека некого го исцрпила хаотична и бурна врска и како сакаат да најдат некој нормален и да влезат во помирен однос.Во нормална неисрцпувачка врска кога партнерот е достапен емотивно, секогаш е тука за вас. Но се плашат дека нормалното ќе им биде досадно,  дека во нормални врски ќе ја нема онаа хемија, лудило, страст…

И се поставува прашањето: која е причината за ова и од каде потребата за релации каде има конфликт на потреби? Мешање на СТРАСТ СО СТРАВ или КОГА НЕКОЈ НИ Е ЕМОЦИОНАЛНО НЕДОСТАПЕН.

Кога се плашиме дека не лаже, не ни е сигурен, доверлив, емотивно достапен и како да ни „бега“ и можe  да не отфрли… сето тоа предизвикува страв. Стравот помешан  со желбата за таа личност, ја зголемува истата, бидејќи задоволувањето на таа желба доведува до ослободува ње од стравот, односно привремено ослободување на напнатоста.Луѓето тоа сето заедно го доживуваат како страст, хемија која ги прави поживи и тоа обично го толкуваат како јака, силна љубов. Зрелата љубов не прави поопуштени, помирни и ни носи некој вид на задоволство кое тек треба да се научи.

Тој прелаз од страст- страв модел на љубов страст – доверба, модел често знае да потрае додека не научиме како да се чувствуваме и кога не сме уплашени.

Љубовните врски се најсреќни кога партнерите имаат слична смисла за хумор, способноста за меѓусебно засмејување гради сигурност помеѓу партнерите.