Битолчани кои редовно пешачат по Шеталиште и Тумбе Кафе деновиве, како рекоа дел од нив, се пријатно изненадени од тоа што конечно е уреден “влезот“ во Тумбе кафе, кај каналот, кој беше неколкупати копан, а и опасен за поминување.
-Ова беше најтешкиот дел од пешачењето, посебно кога беше врнежливо кога тука имаше кај или снег и беше опасно да се помине. Сега каналот полесно се поминува, без страв, без да се “крепиме“ еден со друг. Се надевам дека ова е само почеток и ќе се продолжи на горе, да се преасфалтора патот или да се поплочи и да се уредат скалите кои на одредени места се оштетени, ни рече чичко Благој, како ни се претстави, кој вели дека еднаш или два пати во текот на денот е тука.

Фото вест: уреден “влезот“ во Тумбе кафе, оние кои пешачат се надеваат дека ќе се продолжи нагоре
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 14 степени
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“





