Press "Enter" to skip to content

По третата форумска сесија на Пелгонискиот плански регион, форумот рангираше три идеи (фото)

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ кој е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка го реализацира вториот циклус на Регионални форуми на тема: Социјална инклузија.

На третата форумска сесија учесниците на работните групи пред сите учесници на форумот имаа можност да ги презентираат предходно предложените идеи кои во претходниот период беа работени и формулирани согласно со правилата на грантовата шема.По презентацијата, форумот ги рангираше сите предложени идеи од кои трите со најдобар резултат продолжуваат понатаму во процесот на апликација:

-Инклузивен и одржлив развој без бариери – адаптација и реконструкција на студентски дом.

-Воспоставување на мобилна логопедска поддршка за деца со предизвици од рурални и урбани средини.

-Мултифункционален регионален центар за социјална инклузија.Од страна на комисијата на донаторот ќе биде избран еден предлог проект, кој ќе биде имплементиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.