На 06.03.2020 во СВР Битола било пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Широк Сокак” во Битола, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца битолчани на возраст од 23 и 34 години. По доккументирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 05.03.2020 во Полициската станица Битола, М.К. (30) од Демир Хисар пријавила дека на ул. „Д.Илиевски Мурато“ била касната од куче скитник на десната потколеница.
Полициски службеници од СВР Битола на 05.03.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека четири возачи управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, брзината ја надминал еден возач, на мобилен телефон разговарал еден возач, а сигурносен појас не користеле двајца возачи. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.






