Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: со “нисан“ тешко повредена 82 годишна жена на “Васко Карангелевски“

Вчера на 6 март,  во 11.55 часот, на излез од паркинг простор на ул. “Васко Карангелевски“ во Битола, патничко возило “нисан“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44 годишен маж од Битола, удрило во пешак, 82 годишна жена, од Битола.

Во незгодата,  старицата се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.