Press "Enter" to skip to content

Поради дефект на дел од водоводна мрежа делови од “Илинденска“ и Баирот без вода

Поради голем дефект на дел од водоводната мрежа на улица “Кирил Пејчиновиќ“ кој се случи рано изутрина дел од жителите на улица “Илинденска“ и делови од Баирот се без вода.
 
Се работи за дефект на азбестно-цементна цевка со пречник од 250 милиметри.
 
Екипи на ЈКП “Водовод“ работат на остранување на дефектот.