Во билтенот на МВР е запишано дека на 08.03.2020 во СВР Битола, Е.М. (43) од Данска пријавил дека неговата поранешна сопруга физички го нападнала и му нанела повреда со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Во СВР Битола, 18 годишник од Битола пријавил дека околу 01.00 часот во близина на угостителски објект во старата чаршија бил физички нападнат од две чица од Битола, стои во билтенот на МВР. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Полициски службеници од СВР Битола за време на викендот извршиле акциска контрола за алкохол, при што било констатирано дека 18 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообракај. На 15 возачи времено им се одземени возачките дозволи, а притоа откриени се и други 16 прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.






