Околу 4 часот наутро беше саниран големиот дефект, на Булеварот, кај Црн Мост, втор по ред кој се случи вчера, но се случи и трет дефект на водоводна мрежа, овој пат кај “Ремо“.
Во Нова Битола, пукната е цевка со пречник од 150 милиметри (Ф 150) поради што има прекин во водоснабдувањето, заради што повторно има прекин во водоснабдувањето.
Екипите на “Водовод“ на терен се наоѓаат од вчера, недела, од 6 часот, кога започнаа со санирањето на првиот дефект на улицата “Кирил Пејчиновиќ“ од кога работат на нормализација на вододовниот систем во овие делови на градот.






