Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес со почеток во 1о часот ја закажа 52. седница на Советот на Општината Битола.
На седмицата ќе биде разгледан последниот квартален извештај за извршување на Буџетот за 2019 година, буџетскиот календар, завршната сметка за 2019 на општина Битола, одлуки за прифаќање на подвижни ствари…
Исто така ќе се донесе декларација за фер избори, за местата за рекламирање на политичките партии, како и за користење на домовите на месните заедници.
Комплетниот дневен ред има 24 точки:
1.Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општината Битола за четвртиот квартал од 2019 година
2. Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Битола за 2020 година
3. Измена на дополнување на Буџетскиот календар за 2020 година
4. Завршна сметка на Буџетот на Општина Битола за 2019 година
5. Годишен Извештај на Општина Битола за 2019 година
6. Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2020
година
7. Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистичка планска документација на подрачјето на Општина Битола во 2020 година.
8. Програма за превенција на детско престапништво 2020 година
9. Одлука за прифаќање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Владата на РСМ од страна на Општина Битола за потребите на ОУ ,,Ѓорѓи Сугарев“ – Битола
10. Одлука за прифаќање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Владата на РСМ од страна на Општина Битола за потребите на ОУ ,,Гоце Делчев“ – Битола
11. Одлука за прифаќање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Владата на РСМ од страна на Општина Битола за потребите на ОУ ,,Даме Груев“ – Битола
12. Одлука за прифаќање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Владата на РСМ од страна на Општина Битола за потребите на ОУ ,,Елпида Караманди“ – Битола
13. Одлука за прифаќање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Владата на РСМ од страна на Општина Битола за потребите на ОУ ,,Коле Канински“ – Битола
14. Одлука за прифаќање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Владата на РСМ од страна на Општина Битола за потребите на ОУ ,,Тодор Ангелевски“ – Битола
15. Одлука за прифаќање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Владата на РСМ од страна на Општина Битола за потребите на СОЕУ ,,Јане Сандански“ – Битола
16. Одлука за прифаќање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Владата на РСМ од страна на Општина Битола за потребите на СОУ Гимназија ,,Јосип Броз Тито“ – Битола
17. Анекс на Годишната Програма на училиштето СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола за учебната 2019/2020 година, број 01-140/1 од 22.08.2019 година
18. Решение за давање на мислење на Програми за изведување на екскурзии на ОУ „Гоце Делчев“
19. Решение за давање на позитивно мислење на Статутот на ОУ „Крсте П. Мисирков“ с. Бистрица
20. Решение за давање на позитивно мислење на Статутот на ОУ „Трифун Пановски“ Битола
21. Решение за давање на позитивно мислење на Статутот на ОУ „Даме Груев“ Битола
22. Декларација за одржување на чесни и демократски парламентарни избори во Република Македонија
23. Одлука за утврдување и обележување места за истакнување изборни плакати за избор на пратеници во Сообранието на Република Македонија
24. Одлука за начинот на користење на просториите во домовите на месните заедници за организирање предизборни собири од страна на организаторот на изборната кампања од подрачјето на Општината Битола.






