Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: меѓуврсничко насилство, препознавање, препораки за откривање

Како да се препознае и препораки за родители како да постапат ако нивното дете е жртва.

Детето можа да биде насилник или жртва на врсничко насилство, но може да биде вознемирено бидејќи исто така видело како други се однесуваат лошо/ не постои јасна разлика помеѓу насилникот и жртва. Насилниците често се и сами жртви на врсничко насилство, а дека имало таков случај се познава по следните знаци:

-необјаснети модрици или лузни по телото,

-повлекување во себе,

-промена на однесување како агресивност дома или промена на навики за јадење,

-недостаток на енергија,

-потешкотии со спиење,

-изненден намален успех во училиште,

-не сака  да зборува како му поминал денот на училиште и одбрамбен став кога го запрашате околу тоа,

-избегнува да оди на училиште со измислување на болест,

-ретко споменува пријатели и дружење со нив,

-подолго време поминува на мобилен телефон или компјутер.На некои деца жртви на меѓуврсничко насилство ќе им биде тешко да разговараат околу тоа и можеби нема добро  да реагираат на испитување. Може да му поставувате:

-отворени прашања како му поминал денот, кои му се пријатели и заради што му се допаѓаат, како му изгледа големиот одмор на училиште со кој седи, се дружи, игра, да имаш само една желба што би променил и зошто?

Покажете му програм или видео запис за врсничкото насилство и прашајте што мисли околу тоа.

Исто така запрашајте се: го мачи ли нешто друго моето дете, дали дома имало некакви промени како раѓање на ново дете или развод и разделба на родителите.

Препораки за родители чие дете е жртва на врсничко насилство или што да правам ако детето мое е вклучено во врсничко насилство?

-Одржувајте отворен и доверлив однос, за да вашето дете има доверба во вас и сподели се што му се случува.

-Ако детето ви открие дека е жртва на врсничко насилство разговарајте со него благо и смирено.

-Заблагодарете се  дека тоа го споделило со вас.  На голем број луѓе потребно му е многу храброст за да кажат дека се жртви на врсничко насилство.

-Многу деца не им зборуваат на родителите за врсничкото насилство заради страв дека родителите ќе се обратат во училиштето и само ќе ја влошат состојбата.Секогаш прашајте го детето што мисли дека треба да направите за да го запрете врсничкото насилство и заедно да донесте одлука за следните чекори.

-Во зависност од возраст и степен на развој на вашето дете можате да ги предупредите вработените во училиштето за она што ве загрижув. замолете ги дискретно да пазат на вашето дете.

-Поттикнете ги да не се осветуваат, бидејќи насилникот често бара реакција.

-Поттикнете го своето дете да создава пријателства надвор од училиштето и да учествува во активнсоти кои градат самодоверба и отпорност (На пр. глума и танци, боречки вештини, тимски спортови, летен камп со други деца).

-Поттикнете го детето да не го поминува своето време на социјалните мрежи и да развива правилен однос спрема комуникацијата по пат на интернет.

-Непрекинато истакнувајте дека сте тука за него ако сака да разговара за било што.

Ако детето има потешкотии со објаснување што му се случува /или потешкотии во комуникацијата можеби ќе морате да примените други начини на комуникација на пример по пат на цртеж или преку игра.

За некои од знаците може да постојат и други причини, заради тоа обидете се да избегнете донесување на брзи закључоци.