Оперскиот пејач, Игор Дурловски, ќе биде носител на листата за кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, за петтата изборна единица, каде спаѓа и Битола и Битолско, за предвремените парламентарни избори кој ќе се одржат на 12 април 2020 година, соопшти вечерва лидерот на партијата, Христијан Мицевски.
На 3. место на листата за кандидати за пратеници, по Дурловски и Антонио Милошевски на второто место е д-р Силвана Ангелевска, универзитетски професот варботена во Техничкиот факултет во Битола, член на Извшниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и претседател на Советот на Општина Битола во изминатиот мандат.
На 6. место на листата за кандидати е Олга Лозановски, специјалист-интернист во Клиничката болница во Битола, актуелен советник во Советот на Опшина Битола од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, која беше советник и во изминатиот мандат на Советот.
На 12. место на листата за кандидати за пратеници е Бојан Бојковски, секретар на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ – Битола, вработен во Центарот за развој на Пелагонискиот регион.
Ако се има предвид дека и носителот на листата Дурловски е роден битолчанец, Битола има четворица кандидати за пратеници во изборната единица број 5.






