СДСМ на синоќешниот Конгрес зад затворени врати ги утврди имињата за кандидатските листи на СДСМ за претстојните парламентарни избори.
Носител на кандидатската листа за пратеници во 5. изборна единица, каде припаѓа Битола и Битолско е Радмила Шеќеринска, заедно со Јован Митревски.
На листата има има двајца битолчани. Сигурен пратенички мандат во идниот парламент ќе има битолчанката проф. д-р Бисера Костадинова од Педагошкиот факултет, која се наоѓа на третото место на листата веднаш по носителите, а лидерот на младитр социјал демократи од Битола, Петар Николовски е на 17 место на листата.






