Денес изведувачот на работите за рехабилитација на спортските терени во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ ги асфалтираше спортските терени, односно игралиштето за ракомет и мал фудбал, како и кошаркарското игралиште.
-Поради начинот на изведување на работите денес започнаа и ќе завршат работите околу асфалтирањето на спортскит терени кои се наоѓат во дворот на училиштето, а комплетното асфалтирање мора да заврши денес. И сами гледата дека тука се веќе камионите со асфалт и машините за асфалтирање, а се надеваме дека ќе завршиме во предвидениот рок, ни рекоа екипите на избедувачот.
Директорот на ОУ “Св. Кирил и Методој“, Душко Костовски, вели дека веднаш по асфалтирањето на игралиштата ќе се започне со поставување на головите, кошовите и заштитната ограда, а веќе идната недела, ако дозволат временските услови ќе ќе бидат одбележани и терените, а сите работи ќе се завршат во предвидениот рок.
Спортските терени во училиштето “Св. Кирил и Методиј“ се во завршна фаза а во рамките на проектот беше уредена и атмосферската канализација на спортските терени, со вкупна инвестиција од 2.000.000 денари.

Фото вест: се асфалтираат спортските терени во ОУ “Св. Кирил и Методиј“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Регионалната комора организираше презентација на компанијата “RES – Renewable Energy Supply“ за батериските системи за складирање електрична енергија (фотогалерија)
- Општина Новаци потпиша меморандум за соработка со Здружението на Македонците по потекло од Албанија – ЗОШТО
- На УКЛО Битола мастерклас на тема: „Одржливата иднина се создава поинаку од денес“ (фотогалерија)
- УКЛО Битола одржува годишна меѓународна научна конференција за целите за одржлив развој (AISC 2026) (фотогалерија)
- 30 милиони евра за микрофинансирање во Западен Балкан преку програмата SAFE





